ВМРО-ДПМНЕ со прашање до Филипче: Дали преку СДС во Македонија продира „српскиот свет“?

t

СДС немаат крај во забеганоста и хипокризијата. Додека други ги обвинуваат за српски свет, странски влијанија, туѓи интереси, токму луѓе на СДС се фатени живи како соработници на српската служба БИА и градоначалници на СДС на големо прават концерти со пејачи на Александар Вучиќ, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Таков е примерот на Виктор Петрушевски кој е поранешен советник на Зоран Заев, човек кој бил дел од најголемите партиски структури и тела на СДС кој е вклучен во последната шпионска афера ако соработник на српската служба.

Од друга страна, зборуваат дека во државата продира српскиот свет, за што велат дека им смета, а паралелно малкуте градоначалници на СДС, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица прават концерти и народни собири со Лепа Брена и Ацо Пејовиќ.

За хипокризијата и лицемерието да бидат поголеми, пратеникот на СДС и поранешен министер, вицепремиер за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски Путерот заедно со градоначалникот на Крива Паланка во првите редови на градскиот плоштад ќе се забавуваат токму со Брена која и пееше на војската на Младиќ.

Па оттука го поставуваме многу логичното прашање, дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони на службите?

И, имајќи предвид како малкуте избрани градоначалници, на СДС во однос на концертите и журките кои ги прават исклучиво само со српски пејачи, односно пејачите на Вучиќ, прашуваме дали преку Венко Филипче, СДС и нивните функционери во државата продира таканаречениот српски свет?

Одговори треба да даде конфузната СДС и Венко Филипче“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…