Иран подготвува атентат врз Барон? Нетанјаху го предупреди Трамп за морничави планови, откри зошто американскиот претседател го смени авионот во Турција
Секретарот на Високиот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, ги нарече извештаите за наводните планови на Иран за атентат врз синот на американскиот претседател Доналд Трамп лаги и измислици од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Американската тајна служба оваа недела соопшти дека е свесна за видео кое циркулира на социјалните мрежи, а на кое наводно се прикажани закани од Иран до синот на Трамп, Барон.
Сето тоа е огромна лага, благодарение на која Нетанјаху успеа да го покори Трамп. Да донесовме таква одлука, ништо немаше да нè спречи да ја спроведеме. Тоа е измислена лага на Нетанјаху за да го исплаши Трамп – рече Резаи во интервју за либанската телевизија Ал-Манар, со помош на преведувач.
Тој додаде дека Нетанјаху го „исплашил“ и Трамп, убедувајќи го дека постои закана за време на самитот на НАТО во Анкара.
„Волстрит џурнал“ претходно објави дека Трамп го сменил авионот откако добил разузнавачки информации од Израел за наводна закана дека Иран би можел да го нападне претседателскиот авион користејќи пренослив противвоздушен ракетен систем.
Според тие наводи, претседателот бил тајно изнесен од авионот во комбе за достава на храна, по што бил префрлен во воен авион. Трамп потврди дека, по одлука на Тајната служба и воените претставници, го продолжил летот со воениот авион, но не откри детали за операцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран подготвува атентат врз Барон? Нетанјаху го…
Секретарот на Високиот совет за национална безбедност…
За Непал да се воздигне од урнатините,…
На Непал му се потребни четири до…
Во Србија се отвори првата фабрика за…
Во Шабац денеска е отворена првата фабрика…
Невреме на Кипар – еден повреден од…
Еден повреден од удар на гром, поплавени…
Над 3 милиони невработени во Германија: пазарот…
Бројот на невработени во Германија и во…