Објавено на:

Пукање на рејв забава во Швајцарија: Погодени повеќе лица, полицијата трага по напаѓачите

t

Повеќе лица се погодени во пукање што се случило рано утринава на рејв забава во швајцарскиот град Арау, соопшти кантоналната полиција во Аргау. Инцидентот се случил нешто пред 3 часот наутро на хиподромот каде што се одржувала традиционалната техно-забава „Aarauer Rave“. Полицијата потврди дека биле испукани повеќе куршуми, но засега не го објавува точниот број на загинати или повредени. Според организаторите, на забавата присуствувале околу 3.500 луѓе.

Во тек е голема потрага по напаѓачот, а засега не е познато дали станува збор за едно или за повеќе лица. Во безбедносната операција се вклучени голем број полицајци, како и воениот хеликоптер „Супер Пума“. Поради истрагата, властите го затворија и блиското градско капалиште и апелираа граѓаните да го избегнуваат целиот реон. Полицијата ги повика посетителите да достават фотографии и видеоснимки што би можеле да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…