Објавено на:

Властите во Непал предупредуваат за можни нови поплави – пораки за предупредување цело утро стигнуваат на мобилните телефони

t

Непалските власти денес предупредија за можноста од нови поплави и ги повикаа жителите на поплавените подрачја да останат во состојба на висока готовност откако нивото на водата во реката Ботекоши се зголеми.

Предупредувања за поплави беа испратени на мобилните телефони на граѓаните во текот на целото утро, додека спасувачките екипи работеа на расчистување на главниот пат што го поврзува Катманду со една од областите најтешко погодени од катастрофалните поплави во среда.

Вкупниот број на жртви во Непал и Тибет се искачи на 750, додека повеќе од 3.000 луѓе се водат како исчезнати, според најновите бројки објавени денес.

Агенцијата за управување со катастрофи на Непал соопшти дека бројот на жртви се искачил на 734, додека 2.498 луѓе се водат како исчезнати. Кинеските власти пријавија 16 мртви и 546 исчезнати.

Најновите предупредувања дојдоа откако кинеските власти ги информираа непалските колеги за зголемен проток на вода низводно, изјави за Асошиејтед прес Дарам Раџ Упрети, извршен директор на Националната агенција за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни состојби на Непал.

Но, жителите на поплавените села рекоа дека се борат да се справат со речиси постојаните предупредувања што ги добиваат уште од првите поплави.

„Понекогаш велат дека доаѓа поплава, па затоа мора повторно да бегаме на повисоки места, дури и ноќе. Врне дожд. За мене, ова е навистина тешко. Имам 72-годишен татко и 70-годишна мајка. Морам да ги носам и сум исцрпен. Вака е за оние што преживеале“, рече локалниот жител Говинд Шрешта, пренесува „Бета“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Властите во Непал предупредуваат за можни нови…

Непалските власти денес предупредија за можноста од…

Финскиот претседател убеден дека Русија нема да…

Финскиот претседател Александер Стуб во интервју за…

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да…

Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување…

Пукање на рејв забава во Швајцарија: Погодени…

Повеќе лица се погодени во пукање што…

Енергетскиот договор меѓу Венецуела и САД ќе…

Енергетскиот договор што беше постигнат меѓу Венецуела…