Објавено на:

Дел од дрон заврши на плажа во Романија: Туристите веднаш евакуирани

t

Дел од дрон бил пронајден во близина на Модерна плажа во романскиот град Констанца, на брегот на Црното Море, по што туристите биле итно оддалечени од подрачјето.

Објектот бил исфрлен на брегот од брановите. Го забележале минувачи, кои веднаш ги алармирале надлежните.

Според првичните информации, пронајдениот дел од дронот не содржел експлозивно полнење. Припадници на крајбрежната стража го презеле предметот, додека туристите биле евакуирани од областа.

Ова не е прв ваков случај во регионот. Претходно, турист открил фрагменти од дрон во областа Белона, во Ефорије Норд, кои исто така биле преземени од граничната полиција.

Надлежните апелираат туристите да не допираат или поместуваат непознати предмети пронајдени во морето или на плажа, туку веднаш да ги пријават кај службите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од дрон заврши на плажа во…

Дел од дрон бил пронајден во близина…

ДУИ: „Зошто ВЛЕН не се осмелува да…

Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција,…

Властите во Непал предупредуваат за можни нови…

Непалските власти денес предупредија за можноста од…

Финскиот претседател убеден дека Русија нема да…

Финскиот претседател Александер Стуб во интервју за…

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да…

Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување…