За 24 часа горело на 10 места: Седум од пожарите се активни, еден е под контрола
На ден 30.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 1 е под контрола, а 2 се изгаснати.
Активни пожари – 7:
Општина Ресен: с. Бела Црква – с. Подмочани (борова шума и ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница – с. Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума);
Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрва);
Општина Боговиње: с. Урвич (нискостеблеста вегетација);
Општина Студеничани: над с. Палиград (мешана шума);
Општина Долнени: помеѓу с. Лажани и с. Кошина (ниска вегетација).
Под контрола – 1 пожар:
Општините Гостивар и Македонски Брод: кај с. Трново (Општина Гостивар), кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), каде што се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Изгаснати – 2 пожари:
Општина Старо Нагоричане: с. Челопек (ниска вегетација и стари греди);
Општина Тетово: покрај патот Попова Шапка – Бачила 1 Мај (смрека и борова шума).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…
Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…
Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…
Прекин на огнот во Украина е од…
ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…
ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…
Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…
Пожарот што избувна во куќи во близина…
ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…
На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…