(Видео) Најмалку шестмина загинати при превртување на ферибот со 267 лица крај Кипар
Најмалку шест лица загинаа, кога ферибот со 267 лица се преврте крај бреговите на Северен Кипар, соопштија властите непризнатата Турска Република Северен Кипар.
Спред истите извори, фериботот се превртел на околу шест километри од брегот во близина на пристаништето Киренија/Гирне, од каде што претходно испловил кон турскиот град Ташуџу.
Во тек е обемна операција за спасување на патниците. Спасувањето го отежнува немирното брановито море.
Сликите од местото на настанот покажуваат како делумно потонетиот превртен брод се ниша напред-назад, а на него и околу него има луѓе. Исто така, се гледаат повеќе предмети на површината на морската вода.
Според севернокипарскиот премиерот Унал Устел , на фериботот имало 259 патници и осум членови на екипажот.
„Бродот требаше да отпатува за Турција вчера, но отплови денеска поради временските услови. Тој беше погоден од голем бран на отворено море и додека капетанот се обидуваше да го стабилизира, бродот почна да се полни со вода по удар на втор бран“, рече Устел.
Според локалните медиуми, капетанот се обидел да го врати фериботот во пристаништето Киренија, но бродот се превртел пред да стигне до брегот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…