Србин е приведен на Табановце откако возел со 170 км на час
Триесет и четиригодишен државјанин на Србија е приведен на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека летово двапати возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.
Според МВР, Д.П. бил лишен од слобода синоќа во 23:20 часот, на излез од државата. При проверка на „шкода“ со српски регистарски ознаки, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека во два наврати бил евидентиран за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Првиот случај бил регистриран на 22 јули на автопатот А1 во близина на Демир Капија, кога возел со 163 километри на час на делница каде ограничувањето е 80 километри на час.
На истата делница, на 20 август, повторно бил снимен како вози со 169 километри на час, повторно на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
По приведувањето, српскиот државјанин бил спроведен во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Против него ќе биде поднесена кривична пријава
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…