Директор на училиште е херој во Непал спасил 900 ученици донесувајќи одлука во последен момент
Брзата одлука на директорот да го евакуира училиштето, спасила 900 ученици од разорните поплави во Непал. Тој за Би-би-си вели дека добил неколку предупредувачки повици за ризик од поплави во областа, што го натерало веднаш да ги евакуира учениците на безбедно место.
Раџендра Давади, кој раководи со средното училиште Трибхуван Тришули во Нувакот, кое има нешто повеќе од 1.600 ученици, вели дека добил четири предупредувања од различни луѓе во рок од неколку минути.
Меѓу тие повици имало извештаи дека поплавните води веќе ја поплавиле населбата Бетравати низводно, по што донел одлука.
„Решив дека не можам повеќе да одложувам. Дури и да не дојдеше поплавата, стануваше збор само за настава за еден единствен ден“, вели тој за Би-Би-Си.
Додека се евакуирале на повисоко место, Давади можел да ги види поплавните води како ја зафаќаат станбената зграда, која се наоѓала на околу 100 метри од реката.
„Да ја донесевме одлуката 10 минути подоцна, никој од нас, вклучително и учениците и мене, немаше да може да разговара со вас денес“, заклучи тој.
Една ученичка рекла дека таа и нејзините пријатели преживеале „за само 10 секунди“ и гледале како блискиот пазар го однела поплавата.
Катастрофата однесе најмалку 794 животи, а повеќе од 2.500 луѓе се водат како исчезнати во Непал, велат локалните власти.
Во Тибет, официјалниот број на жртви е 16, а 546 се водат како исчезнати, според кинеските државни медиуми – спасувачите се борат да пронајдат преживеани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директор на училиште е херој во Непал…
Брзата одлука на директорот да го евакуира…
Речиси 600 луѓе се загинати и околу…
Најмалку 580 луѓе загинаа, а околу 1.924…
Најмалку 165 загинати во разорни поплави во…
Најмалку 162 лица загинаа во Непал, а…
Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…
Дел од глечер на надморска височина од…
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…