Објавено на:

Ѓоковиќ: Доаѓам одморен во Њујорк, горд сум што уште сум активен!

t

Најтрофејниот тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека раната елиминација од мастерсот во Синсинати му овозможила доволно време за да се подготви за претстојниот УС Опен.

Српскиот тенисер, кој со 24 Грен слем титули го држи рекордот во машкиот тенис, во Њујорк пристигнува одморен и подготвен. Ѓоковиќ на почетокот на месецот загуби уште во првото коло во Синсинати, што беше негов прв настап по Вимблдон, но не гледа негативно на тој резултат.

„Тоа ми даде доволно време да се подготвам за УС Опен на најдобар можен начин. Имав речиси две недели за квалитетно да тренирам и физички и ментално да се подготвам за она што следува“, изјави Ѓоковиќ.

Како четврти носител, Србинот турнирот ќе го започне против Аргентинецот Маријано Навоне, моментално 48. тенисер на АТП-листата. Иако Ѓоковиќ е голем фаворит, тој предупредува дека противникот не смее да биде потценет.

„Ќе видиме како ќе помине. Првите натпревари во последните неколку години за мене знаат да бидат доста тешки. Се надевам дека ќе ја поминам првата пречка, а потоа постепено ќе ја надградувам својата игра“, порача српскиот ас.

Овогодишниот УС Опен за Ѓоковиќ ќе биде јубилеен 20. настап на турнирот. Со тоа тој се приклучува на Џими Конорс, Андре Агаси и Фелисијано Лопез како единствени тенисери со 20 учества во машка конкуренција.

„Многу сум горд на тоа. Долговечноста отсекогаш ми беше една од целите. Уште кога бев млад сакав да имам долга кариера, што повеќе можности на гренд слем турнирите и да останам здрав доволно долго за да играм што повеќе години“, истакна Ѓоковиќ.

Од своето деби во 2005 година, Ѓоковиќ само еднаш го пропуштил УС Опен – во 2017 година поради повреда на десниот лакт. Во Њујорк триумфираше четири пати, во 2011, 2015, 2018 и 2023 година.

Интересно е што неговиот прв меч на УС Опен беше вистински маратон од пет сета против Гаел Монфис, кој и годинава е дел од ждрепката, иако Французинот планира да стави крај на кариерата.

„Еве нè, 20 години подоцна. И двајцата сè уште се бориме и ја претставуваме постарата генерација“, со насмевка прокоментира Ѓоковиќ.

Српскиот тениски ас ќе има уште една шанса да стигне до јубилејниот 25. Грен слем трофеј во кариерата, иако патот дотаму сигурно нема да биде воопшто лесен.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…