Казна од 3.000 евра за државјанин на Србија, двапати фатен од „Safe City“ како вози над 160 км/ч
Државјанин на Србија е казнет со вкупно 3.000 евра, откако во два наврати бил фатен како управува возило со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А1, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци.
Станува збор за 34-годишниот Д.П., кој добил две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Тој бил запрен на 29 август во 23:20 часот, на граничниот премин Табановце, додека се обидувал да ја напушти земјава. При полициската контрола на возилото „Шкода“ со српски регистарски таблички, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека претходно, во два наврати, бил регистриран како вози со исклучително висока брзина.
На 22 јули, во близина на Демир Капија, Д.П. управувал со брзина од 163 километри на час, додека на 20 август, на истиот патен правец, бил регистриран со брзина од 169 километри на час. Во двата случаи ограничувањето на брзината било 80 километри на час.
По запирањето, лицето било спроведено во Полициската станица во Неготино за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казна од 3.000 евра за државјанин на…
Државјанин на Србија е казнет со вкупно…
Истражување: Студентската листа води пред Вучиќ
На парламентарните избори во Србија, листата на…
Јадранка Косор повика Хрватска да ги блокира…
Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја повика…
Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…