РКЕ одлучи: Голем пад на цената на дизелот – бензините ќе се точат поскапо
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 95,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година
и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,166 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,410 ден/кг.
Од 1.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,410 (денари/килограм)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…
Прекин на огнот во Украина е од…
ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…
ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…
Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…
Пожарот што избувна во куќи во близина…
ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…
На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…
Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…
Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…