Објавено на:

(Видео) Сафари возило полно со туристи слета во река полна со крокодили

t

Возило за сафари полно со швајцарски туристи излета во реката Мара во Националниот парк Серенгети во Танзанија, позната по тоа што е населена со крокодили.

Инцидентот се случил во неделата попладне додека туристите ја посматрале Големата миграција. Настанот бил снимен од набљудувачи од друго возило, а на видеозаписот се гледа како џипот се движи со голема брзина по непристапен терен пред да се лизне.

При лизгањето, една жена паднала од возилото на само неколку метри од крокодилите и стадата гну. Возилото потоа неконтролирано продолжило кон калливата река и слетало директно во водата, исфрлајќи уште неколку патници.

Управата за национални паркови на Танзанија (TANAPA) соопшти дека во возилото се наоѓале четворица швајцарски туристи и возачот, и потврди дека сите поминале без повреди и успеале безбедно да излезат од реката.

По инцидентот, од TANAPA упатија предупредување до сите учесници во сафари турите.

Ги потсетуваме сите возачи, посетители и туристички оператори строго да се придржуваат до законите, прописите и процедурите што го регулираат преминувањето на реките. Секој мора да ги следи упатствата на надзорниците на премините и да покаже максимална претпазливост за да ги заштити човечките животи и имотот, со минимално нарушување на дивиот свет – се вели во нивното соопштение.

Според информациите од очевидци, до несреќата дошло поради брзањето на водичот да им обезбеди подобра позиција на туристите за посматрање на животните.

Како што пренесува локалниот медиум „Танзанија Тајмс“, возачите често се тркаат за да заземат подобар агол кон реката Мара, каде што преминувањето на милионите гнуа претставува еден од најризичните и најдраматичните делови од целогодишната Голема миграција низ Серенгети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…