„Грција признава само машки и женски пол“: Бројот на полови доведе до поделби во грчката владејачка Нова демократија
„Грција признава само два пола, машки и женски, и тоа нема да се промени“, изјави портпаролот на грчката конзервативна Влада, по написот објавен во десничарскиот весник „Естија“ дека владина институција на граѓаните им нуди четири опции за избор на полот.
Според весникот, станува збор за веб страната на Грчкиот фонд за јавно здравствено осигурување (ЕОПУУ), каде што на осигурените пациенти при давањето на своите податоци за да можат да добиваат лекови на домашна адреса, како опции за полот им се нудат не само „машки“ и „женски“, туку и „друго“ и „неодредено“.
По ваквиот напис се огласи грчкиот министер за здравство Адонис Георгијадис, кој рече дека не „бил свесен“ за ваквите опции и наредил тоа да се промени.
Според него, дополнителните опции за полот не се резултат на владината политика, туку биле воведени од компанијата што ја развила платформата, како дел од имплементацијата на стандардот ИСО/ИЕЦ 5218.
Реагираше и Фондот, кој инфромираше дека се извршени промена на платформата. ЕОПУУ тврдеше и дела „спорните информации“ не се користеле при обработка на податоците на пациентите.
Но, случајот доби и политичка конотација кога се огласи поранешниот грчки премиер и екс-лидер на владејачката конзервативна партија Нова Демократија, Антонис Самарас, кој обвини дека актуелната Влада прифатила „агенда на будење“.
Станува збор за термин кој се однесува на прогресивни и левичарски политички цели фокусирани на социјална правда, политика на родив идентитет и системска полова еднаквост.
Според Самарас, случајот со Фондот покажува дека ваквите идеи влегле во јавната администрација и училиштата во Грција и ја одразува „пошироката трансформација“ на Нова демократија под водство на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис.
Самарас оцени и дека во услови на „демографска криза во Грција“, Владата треба да се бори со ниските стапки на наталитет преку „поддршка на традиционалното семејство, а не сео негово редефинирање“.
На забелешките на Самарас реагираше министерот Георгијадис, кој оцени дека противниците на премиерот Мицотакис „едно техничко прашање го претвориле во идеолошка контроверза“.
„Не, мој драг претседателе, направена е грешка, таа е поправена, смири се“, објави Георгијадис на социјалните мрежи, обраќајќи му се директно до Самарас.
Грчките медиуми оценуваат дека инцидентот се случува во чувствителен политички момент, бидејќи земјата влегува во предизборен период за парламентраните избори што треба да се одржат во јули 2027 година, кога Грција ќе го преземе и ротирачкото претседавање со ЕУ.
Инаку, Самарас сè повеќе се позиционира како критичар на Мицотакис изнесувајќи десничарски ставови и критикувајќи ја Владата за политките поврзани со социјалните прашања, миграцијата и надворешната политика.
Во грчките политички кругови веќе извесно време се шират шпекулации Самарас би можел да поддржи или да зсатане на чело на ново политичко движење, кое ќе му се спротивстави на Мицотакис на изборите.
Во вакви услови, според медиумите, еден техничк пропуст прерасна во битка околу идеолошката насока на владејачките грлки конзервативци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Грција признава само машки и женски пол“:…
„Грција признава само два пола, машки и…
Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена…
Вчера околу 10:00 часот во ОВР Свети…
Тинејџер планирал киднапирање на Мбапе
Француската јавност е вознемирена по откривањето на…
Го претепал и повредил својот 74-годишен татко,…
На 01.09.2026 во 21:00 часот во радовишко…
Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…