Утре сончево и топло, попладне невреме со пороен дожд, силен ветер и град, најавува УХМР
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре сончево и топло, попладне невреме со…
Времето утре ќе биде сончево и топло…
Трамп стана првиот жив претседател на американска…
Американската ковачница на пари (US Mint) потврди…
За 24 часа горело на 20 места…
На ден 02.09.2026 година, до 18:00 часот,…
Во куфер со 22 пара чорапи криел…
Мексикански државјанин е уапсен на аеродромот „Ханеда“…
Нафтата се приближува до 100 долари, берзите…
Финансиските пазари се соочија со нов бран…