Две лица од Тајван пронајдени мртви во стан во Кисела Вода
Двајца луѓе, кои според информациите од МВР, се од Тајван, попладнево се пронајдени мртви во стан во скопската населба Кисела Вода, објави „Плусинфо“.
Според порталот, станува збор за 50-годишна жена и 37-годишен маж. Тие претходно биле пријавени за исчезнати од ќерката на починатата жена, која во полиција кажала дека не може да стапи во контакт со нејзината мајка и со очувот.
Станува збор за зградата во која некогаш живееше поранешниот премиер Никола Груевски. Бројни полицајци попладнево биле раздвижени околу зградата, а според некои од соседите кои ги цитира „Плусинфо“, тие виделе како телата на починатите биле однесени со возила на погребално претпријатие.
МВР потврдило дека дека случајот бил пријавен денеска околу 13:50 часот.
Според информациите од полицијата, Н.М. ги пронашла својата мајка Ч.Т.Ј. (50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37), двајцата државјани на Тајван. Таа претходно ги пријавила за исчезнати доцна вчеравечер. По ова, полицијата започнала со проверки, а подоцна тие биле пронајдени во станот. Екипа на СВР Скопје излегла на местото, а лекар од Институтот за судска медицина констатирал смрт кај двете лица.
Од МВР велат дека при првичниот преглед на телата на починатите немало видливи траги на насилство. Телата биле предадени на обдукција, која треба да даде повеќе информации за причината и околностите на смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица од Тајван пронајдени мртви во…
Двајца луѓе, кои според информациите од МВР,…
Во Либија полн резервоар гориво чини колку…
Либија има една од најниските цени на…
Германските истражители идентификувале осомничени за нападот со…
Германските истражители идентификувале двајца мажи кои се…
Односите меѓу Москва и Берлин се на…
Некогашните односи за пример меѓу Русија и…
Големо невреме со град и силен ветер…
Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд,…