Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8
Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.
– Со координирани напори со Институтот за трансфузиона медицина, МАЛМЕД и Институтот за јавно здравје, го разрешивме овој проблем кој досега беше заглавен во административни процедури и ја обезбедивме оваа донација. Факторот набрзо ќе биде достапен за пациентите и значително ќе ја подобри состојбата на оваа категорија пациенти, посочи министерот Клековски.
Воедно, министерот упати благодарност и до здружението Хемолог за континуираниот придонес кон унапредување на третманот на пациентите со хемофилија, и додаде дека се прават напори пациентите со хемофилија да добијат регистар, како што се евидентираат пациентите со дијабетес и ретки болести.
Директорот Елези потенцираше дека сите пациенти со хемофилија се обезбедени со потребната терапија, а овие единици се наменети за пациенти кои имаат потреба од елективни хируршки интервенции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…