Предизборни пресметки на власта и опозицијата во Србија: Колку листи водат до парламентарно мнозинство

t

Најавите за одржување предвремени парламентарни избори во Србија на 25 октомври предизвика ново позиционирање на речиси сите релевантни политички актери во земјата. Владејачките партии го разгледуваат составот на своите изборни листи и односите со своите сегашни партнери, додека опозициските одлучуваат помеѓу поддршка на студентската листа, формирање нови сојузи и самостоен настап.

Претстојните избори ќе бидат важни и затоа што се приближува крајот на вториот мандат на српскиот претседател Александар Вучиќ во 2027 година, па нивниот резултат би можел да влијае на распределбата на политичката моќ во периодот пред следните претседателски избори.

На српската политичката сцена моментно се појавуваат неколку изборни опции. Се очекува листа собрана околу Српската напредна партија (СНС), додека Социјалистичката партија на Србија се подготвува за настап одвоено во соработката со други партии. На другата страна се студентската листа, проевропската платформа, можен сојуз на неколку граѓански и еколошки организации и најмалку две десничарски опции.

СНС и СПС фаќаат залет

Вучиќ, согласно Уставот не може да се кандидира и за трет мандат како претседател на Србија, па во игра е неговото евентуално префрлање на друга функција, вклучително и враќање на местото премиер. Затоа, еден од најважните одговори на изборите ќе биде дали листата собрана околу СНС ќе може да победи и сама да формира влада или ќе ѝ треба поддршка од коалициски партнери.

Откако дојде на власт во 2012 година, СНС редовно на своите изборни листи собира голем број партии и движења од различни политички ориентации, како пензионерски, социјални, конзервативни, национални, малцински и проевропски. Овој начин на организирање е близок до концептот на „ол-кеч“ партија, развиен од германскиот политиколог Ото Кирхајмер, што подразбира партија кои околу себе собира широк круг гласачи и партнери, поради што нема јасни идеолошки ореентации, а на значење добива улогата на лидерот.

Предизборно позиционирање се одвива и во Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ, која потпишаа Меморандум за соработка со Социјалдемократската партија на Србија (СДПС), Југ Радивојевиќ. Меморандумот сè уште не претставува конечен договор за заедничка изборна листа, но двете партии изразија подготвеност за соработка на претстојните избори.

Студентскиата листа и опозициските партии

Студентското движење зазеде значајно место на политичката сцена во Србија, потпирајќи се на енергијата на протестите, барањата за институционална одговорност и дистанца од постојните партиски структури.

Најавата за независна студентска листа ги стави традиционалните опозициски партии во позиција да одлучат дали да ја поддржат, да се обидат да постигнат договор со стидентите или да се натпреваруваат на изборите под свое име.

Демократската партија (ДС) одлучи да не подготвува посебна парламентарна листа, туку да ги стави своите организациски капацитети на располагање на студентското движење. ДС дури и ја преименуваше својата пратеничката група во „Пратеници со студентите: за контрола на изборите“.

Партијата објави дека нејзините места во избирачките одбори ќе им ги препушти на студентите, што е практична форма на соработка.

Зелено-левичарскиот фронт (ЗЛФ), исто така, објави дека на парламентарните избори ќе ја поддржи листата на студентското движење, гледајќи во нема можност за промена на власта, враќање на владеењето на правото и продолжување на европската интеграција.

Движењето „Тргни-промени“ (ПКП) на Сава Манојловиќ, исто така, ја поддржа студентската листа, нагласувајќи дека промената на власта треба да има предност пред индивидуалните интереси на политичките партии.

Сепак, поддршката од овие партии за студентската листа не е и формална предизборна коалиција, бидејќи според досега познатите информации, студентското движење самостојно ги одредува кандидатите, додека партиите му обезбедуваат политичка, организациска или контролна поддршка.

За разлка од ова, Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Србија Центар (СРЦЕ) на Здравко Понош, Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Павле Грбовиќ и Граѓанското движење Солидарност (ГПС) на Горан Јешиќ, решија да соработуваат во рамки на Платформата за европска Србија и да се подготвуваат за изборите.

Ѓилас претходно се залагаше за заедничка опозициска и студентска листа, но бидејќи студентското движење не прифати заедничко појавување со партиски функционери, ССП се префрли кон проевропска изборна коалиција.

Лидерот на ССП смета дека постоењето повеќе опозициски листи на изборите не е нужно неповолно, особено ако тие заедно можат да формираат ново мнозинство. Според него, студентската листа може да привлече граѓани кои не им веруваат на постојните партии, додека проевропската листа треба да понуди добро познати кандидати, програма и јасна посветеност на членството на Србија во Европската Унија.

Помеѓу студентската листа и Платформата за европска Србија се Народното движење на Србија (НПС) на Мирослав Алексиќ, Новото лице на Србија (НЛС) на Милош Парандиловиќ, Еколошкото востание (ЕУ) на Александар Јовановиќ – Ќута и политичката група на нишкиот кардиолог Драган Милиќ.

НПС и НЛС веќе работат во заедничка парламентарна група, а Алексиќ најави дека ќе бидат активен учесник на парламентарните избори, што значи дека не се одлучиле да се повлечат во корист на студентската листа.

Драган Милиќ изјави дека сака да поддржи автентична студентска листа, но не листа за која нема да биде јасно кој ја составил, изразувајќи резерви во врска со одредени имиња што се појавија во јавноста како можни кандидати на студентите.

Јовановиќ – Ќута, пак, во разни јавни настапи остави отворен простор и за поддршка на студентите, но и за независен настап на неговата партија.

НПС, НЛС, ЕУ и групата на Милиќ соработуваат на локлано ниво во Ниш, но тоа не треба да се смета како сигурна предизборна коалиција.

Нова ДСС и Несторовиќ настапуваат одделно

Исто така, нема унифициран настап ниту на политичката десница. Коалицијата Национална демократска алтернатива (НАДА), што ја сочинуваат Новата демократска партија на Србија (Нова ДСС) и монархистичкото Движење за обнова на Кралството Србија (ПОКС), најави настап на изборите со листа на „автентичната десница“.

Според лидерот на Нова ДСС, Милош Јовановиќ, откажувањето од сопствената листа би го ослабила политичкиот идентитет на партијата, а дополнително програмата на студентската листа „не ги вклучува сите прашања важни за десничарските гласачи“.

Движењето „Ние – Моќта на народот“ на Бранимир Несторовиќ најави самостен настап на изборите, нагласувајќи дека студентите ќе одат по свој пат, а тие по свој и дека ќе бараат партнери за поширока коалиција на „национално ориентирани партии“. Движењето на Несторовиќ разговараше за изборна соработка со Работничката партија (РП) на Жељко Веселиновиќ, но преговорите беа прекинати.

Меѓу движењето на Несторовиќ и коалицијата НАДА имаше јавни спорови околу тоа кој може да ги претставува десничарските гласачи, како и меѓусебни критики за политичките ставови и претходните одлуки.

Одвоените настапи на НАДА и Движењето на Несторовиќ значат дека десничарските гласачи ќе можат да избираат помеѓу најмалку две листи, чии ставови за одредени прашања од националната и надворешната политика делумно се преклопуваат.

Период на неизвесност

Во вакви услови се создава предизборната слика на која од една страна ќе има листа собрана околу СНС, додека СПС го подготвува својот одвоен настап и размислува за соработка со СДП. Од друга страна, студентската листа е поддржана од ДС, ЗЛФ и Тргни-промени, а тука е и Платформата за европска Србија е составена од ССП, СРЦЕ, ПСГ и ГПС.

НПС, НЛС, Еколошкото востание и групата на Драган Милиќ разговараат за соработка, но сè уште не потврдиле дека ќе настапата со заедничка листа. Нова ДСС и монархистите подготвуваат десничарска листа, а движењето „Ние – моќта на народот“ на Бранимир Несторовиќ ќе настапи одделно веројатно во коалиција со Народната партија (НС) на Владимир Гајиќ.

Поголем број листи во принцип значи дека гласачите ќе можат да избираат помеѓу појасно дефинирани политички опции, но ја зголемува и важноста на постизборните преговори и ризикот некои гласови да не бидат претставени во парламентот..

Од друга страна помалиот број на листи би можела да обедини поширок круг гласачи околу две или три опции, но тие би имале големи програмски разлики.

Поделениот „антивладин табор“ меѓу студентската листа, проевропските сили, граѓанско-еколошките движење и десничарските опозициски партии, и оди во прилог на СНС на Вучиќ. Доколку СНС победи и освои доволно мандати за стабилно мнозинство, Владата ќе има простор понезависно да ги одредува политичките процеси во пресрет на претседателските избори. Доколку, пак, не обезбеди мнозинство и опстанокот на власат и зависи од СПС и другите партнери, тогаш тоа ќе ја засили нивната преговарачка улога.

Но, дополнителна непознаница е ако студентската листа и опозициските партии заедно обезбедат мнозинство во Парламентот. Нивните ставови се разликуваат во врска со членството во ЕУ, Косово, односите со Русија, економскиот модел и други важни прашања.

Една од можните решенија е привремена влада за ограничен временски период, која би се занимавала со реформа на институциите и изборните услови и подготовките за следните избори. Таквата можност веќе ја споменаа и некои претставници на опозицијата, но засега сè уште нема назнака кој би бил нејзиниот состав, програма и временски мандат.

Дури и евентуалната промена на валста нема веднаш да ги поништи политичките и економските односи изградени во изминатите години. Новата влада би ги наследила постојните меѓународни обврски, економски политики, договори, инфраструктурни проекти и односи со Европската Унија, САД, Русија и Кина.

Дури и во случај на премин во опозиција, СНС речиси сигурно би останала голема партија со развиена организација и значителен број гласачи зад себе. Од друга страна, евентуалното ново мнозинство би морало да покаже дека различните политички партии можат да соработуваат дури и по завршувањето на изборите.

Затоа, изборите најавени за 25 октомври нема да одлучат само за распределбата на 250-те пратенички мандати. Резултатот ќе го покаже балансот на моќта меѓу постојните политички блокови, силата на студентската листа и можностите за формирање идна влада во пресрет на новата фаза од политичкиот живот по 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предизборни пресметки на власта и опозицијата во…

Најавите за одржување предвремени парламентарни избори во…

Димитриеска-Кочоска: „Весела математика“ се обвинувањата за задолжување…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги…

Судење за „Пулс“: Одбраната прашуваше за статусот…

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…

Звучни имиња во телефонот на судијата Ѓоко…

Звучни имиња од политиката, бизнисот и лица…

Ѓорѓиевски најави нови мерки за спречување на…

Министерството за образование и наука и Град…