Објавено на:

Трамп го нападна Бајден поради Украина

t

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД располагаат со „речиси неограничени количества“ муниција за воената операција во Иран, додавајќи дека производството на муниција во земјата достигнува досега невидени нивоа.

Трамп ова го објави на „Truth Social“, при што остро ги нападна медиумите, за кои смета дека неточно известуваат за американската воена операција.

„Имаме речиси неограничени количества муниција од средна и висока категорија, многу повеќе отколку што би можеле да потрошиме во оваа или која било друга војна“, напиша Трамп.

Тој додаде дека САД забрзано ги зголемуваат сопствените резерви и се подготвуваат за различни можни сценарија.

„Произведуваме муниција на нивоа какви што никогаш досега не биле видени. Создаваме резерви и се подготвуваме за секоја можна ситуација“, порача американскиот претседател.

Трамп истакна дека САД во моментов дел од производството го задржуваат за сопствените потреби, наместо да го продаваат на други држави, но најави дека продажбата на американските сојузници наскоро ќе продолжи.

Во објавата тој повторно го нападна и претходниот претседател, Џо Бајден, поради американската воена помош за Украина. Трамп тврдеше дека администрацијата на Бајден ѝ дала на Украина бесплатно „многу повеќе муниција“ отколку што американските сили досега потрошиле во Иран.

Тој истакна дека стотици милијарди долари биле дадени на Украина и НАТО и порача дека неговата администрација планира од Европа дополнително да ги побара тие средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…