Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати

t

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои еден е активен, три пожари се под контрола, а 27 пожари се изгаснати, соопшти ЦУК.

Активен е пожарот во Општина Ѓорче Петров, во с. Грачани, при што пожарот моментално е активен на територијата на Р. Косово (шума).

Пожари под контрола има во Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума); Општина Струга: помеѓу селата Буринец и Локов (нискостеблеста шума).

Изгаснати се 27 пожари и тоа во Општина Зелениково: над с. Палиград – Преслап (мешана шума); Општина Центар: Градски парк (ниска вегетација и дрвја); Општина Бутел: ул. „Боца Иванова“ (ниска вегетација и ѓубре); Општина Шуто Оризари: Визбегово, позади хотелот „New Star“ (депонија); Општина Прилеп: позади „Факултетот“ во Прилеп (ѓубре); Општина Охрид: Депонија Буково (ѓубре); Општина Струга: кај с. Ложани (ѓубре); Општина Струга: помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева и стрништа); Општина Велес: кај базенот за вода над м.в. Поток (ѓубре од дива депонија); Општина Липково: с. Отља (ѓубре); Општина Ранковце: с. Петралица (нискостеблеста дабова шума); Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација и грмушки); Општина Желино: с. Стримница (ниска вегетација); Општина Маврово и Ростуше: м.в. Голем Брдаш (шума); Општина Прилеп: на потегот с. Дрен – с. Царевиќ (ниска вегетација); Општина Бутел: ул. „Боца Иванова“ (ниска вегетација); Општина Битола: населба Стрчин (ниска вегетација); Општина Струмица: с. Банско (депонија); Општина Струга: с. Јабланица (ниска вегетација); Општина Градско: с. Ногаевци (ниска вегетација и борови дрвја); Општина Гостивар: с. Горна Бањица (ниска вегетација); Општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација); Општина Зелениково: с. Смесница (ниска вегетација и шума); Општина Градско: с. Кочилари (ниска вегетација и борова шума); Општина Куманово: с. Лопате (стрниште); Општина Маврово и Ростуше: планина Бистра, м.в. Кириловец (пасиште и ниска вегетација); Општина Желино: с. Лаце (шума).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 31 пожар на отворен простор се…

Вкупно 31 пожар на отворен простор се…

Девет активни пожари на отворено во Македонија

До 13 часот денеска во државава се…

ЦУК: 17 пожари на отворен простор, од…

Во текот на денешниот ден до 18…

Огнена ноќ низ Македонија: 31 пожар за…

Во периодот од 28 до 29 август,…

Осум активни пожари — гори кај дивата…

Осум пожари на отворен простор сè уште…