Тинејџер сам се пријавил во полиција откако ненамерно си го повредил другарот со остар предмет

t

Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако само се пријавило во полиција дека ненамерно со остар предмет го повредило својот другар додека седел на клупа во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 03.09.2026 во 22:30 часот во СВР Тетово, Б.Ш.(47) од с.Челопек, Тетовско, пријави дека околу 18:30 часот, додека неговиот малолетен син седел на клупа во близина на Културниот дом во Тетово, 16-годишен малолетник, негов другар од тетовско село, ненамерно со остар предмет му нанел повреда. Подоцна, 16-годишниот малолетник, во придружба на родител и адвокат, сам се пријавил во СВР Тетово, при што е лишен од слобода за кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител и се работи на целосно документирање на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…