Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради „величањето на Младиќ“ — за Вучиќ објаснувањето е глупаво

t

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, објави дека нема да дојде во Србија следната недела, наведувајќи го како причина величањето на поранешниот командант на Војската на Република Срспска, Ратко Младиќ, во Србија по неговата смрт, објави Н1.

„Ратко Младиќ беше осуден за геноцид, злосторства против човештвото и за воени злосторства. Враќањето на неговите останки во Белград ја потсетува Европа на најтемните страници од нашата понова историја“, изјави Кос.

Таа оцени дека неговото величање е некомпатибилно со вредностите врз кои почива европскиот пат на Србија.

„Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, рече еврокомесарката.

Кос истакна дека вредностите врз кои почива заедничката иднина не се предмет на преговори, додавајќи дека затоа одлучила „во овој момент“ да не ја спроведува планираната посета на Србија.

Комесарката требаше да биде во Белград само два дена по погребот на Ратко Младиќ, кој беше осуден во Хаг за геноцид и воени злосторства. Меѓу другото, таа требаше да присуствува на меѓународниот економски форум Белтокс (BELTALKS).

Според српскиот претседател Александар Вучиќ, објаснувањето на еврокомесарката за откажувањето на посетата е глупаво.

„Објаснувањето беше исклучително кратко, но глупаво, како и обично. ‘Глорификацијата’ на генералот Ратко Младиќ едноставно не кажува кој нешто глорификувал. А кога не можат да најдат ништо конкретно, тогаш се занимаваат со подвозници, надвозници, претпоставувам дека требаше да им забраниме на луѓето да се појавуваат, требаше да забраниме погреби, треба да градиме гробишта за кучиња“, изјави тој денес пред новинарите.

Вучиќ неодамна зборуваше за нејзиното пристигнување во Белград. На 25 август, Вучиќ, кога беше запрашан од новинар да ја коментира изјавата на Марта Кос дека промената на методологијата за пристапување кон Унијата е неопходна бидејќи на ЕУ не ѝ се потребни „тројански коњи“, рече дека тие си ја работат својата работа и се заштитуваат.

„Да бев циник и малку груб, ќе речев дека Марта Кос би сакала да види овци, а не коњи, но не сум, па затоа нема да го кажам тоа. Нека си ја работат работата, нека се заштитат себеси. Не им требаат тројанци, коњи како овој или оној, не им треба ништо. Тие се доволни сами за себе“, рече Вучиќ тогаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…

Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…

Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…