Заврши санацијата на мостот пред Драчево, од утре ќе биде во целосна функција
Јавното претпријатие за државни патишта ги известува граѓаните на Кисела Вода, поточно граѓаните коишто гравитираат кон населените места Драчево, Зелениково, Батинци итн.,дека ја заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвиднеиот рок и дека од утре, 05.09.2026 година, мостот ќе биде во целосна функција.
Имено, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на конструкцијата на мостот на Маркова Река на регионалниот пат Р1106, Јавното претпријатие за државни патишта започна со негова санација.
„Градежните активности се одвиваа забрзано и со темпо кое е прилагодено на летниот период кога сообраќајот се одвива со намален интензитет, со цел да се минимизира застојот и влијанието врз учесниците во сообраќајот. Градежните работи, пак, опфатија санацијата на горниот строј на мостот, при што се изврши отстранување на постојните дилатациони фуги, сливници, асфалтот и тротоарите. Се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, се изврши асфалтирање, како и изградба на нови тротоари со рабници и санација на парапетна греда“, соопшти претпријатието.
Градежните работи ги изведуваше Друштвото за градежништво и проектирање „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, с. Бразда, додека надзорот го вршеше Друштвото за управување со проекти „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Средствата за санацијата беа обезбедени од буџетот на ЈПДП, а издвоената вредност изнесуваше 4.619.800,00 денари без ДДВ.
Јавното претпријатие за државни патишта додава дека се грижи за безбедноста и одржувањето на повеќе од 1.100 мостови на државните патишта на целата територија на државата и ја следи нивната состојбата со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши санацијата на мостот пред Драчево, од…
Јавното претпријатие за државни патишта ги известува…
Руски дрон пронајден покрај финскиот брег, започната…
Финската гранична стража соопшти дека на јужниот…
Марта Кос ја откажа посетата на Србија…
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, објави дека…
Министерката Божиновска на Самит во Солун –…
Македонија од денеска станува дел од Вертикалниот…
Децата најчесто се трујат со лекови, средствата…
Вкупно 16 деца со пријавени труења годинава…