Мелони: Италија внимателно ги следи сите безбедносни закани, вклучително и евентуалното руското влијание
Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес изјави дека властите внимателно го следат сè што може да ја загрози безбедноста на земјата, вклучително и евентуалното руско влијание.
„Секогаш сме целосно посветени на безбедноста на оваа нација, во сите аспекти“, изјави Мелони за италијанските медиуми, додавајќи дека сегашната влада го следи „сè што треба да се следи“.
„Следиме сè што треба да се следи. Многу работи нè загрижуваат, но ги следиме сите“, додаде Мелони, објави агенцијата АНСА.
Таа ги даде забелешките пред да отпатува од Рим за Бари, каде што ќе присуствува на митинг организиран од партијата Браќа на Италија (FdI) за да се одбележи рекордната долговечност на сегашната влада, пренесе „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…
Бугарија денес избира претседател. Право на глас…
Редови пред избирачките места: Почнаа вонредните парламентарни…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…
Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…