Трамп испраќа луѓе во Москва и Киев
Емисарите на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд, каде што ќе учествуваат во разговори за завршување на војната меѓу Русија и Украина, објавија денес американските претставници.
Официјалните лица изјавија за „Аксиос“ дека Виткоф и Кушнер ќе патуваат во Москва денес, и дека утре ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев во недела.
Посетата на емисарите на Трамп на Москва доаѓа десет дена откако директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, се сретна со раководителите на руските разузнавачки и безбедносни служби во Москва.
Виткоф и Кушнер се сретнаа со Трамп во Белата куќа вчера за да разговараат за патување во Русија и Украина.
Преговорите меѓу Русија и Украина, кои започнаа со посредство на администрацијата на Трамп, беа прекинати во февруари по почетокот на војната во Иран.
Шефот на кабинетот на Зеленски, Кирил Буданов, минатата недела изјави за локалните медиуми дека разговорите со Русија, со посредство на САД, би можеле да продолжат во септември.
„Ова е многу важно. Важно е Америка да остане активно вклучена. Подготвени сме да се сретнеме со нив во Украина“, рече Зеленски, пренесува „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп испраќа луѓе во Москва и Киев
Емисарите на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив…
Шпанија регистрира 45,7 Целзиусови степени на најтоплиот…
Метеоролозите во Шпанија го потврдија највисокиот дневен…
Шефот на руското разузнавање по средбата со…
Ризикот од конфликт од големи размери низ…
ОН усвои нова мапа на светот, со…
Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција…
Од лекар до актерка: Објави за Ратко…
Објави за Ратко Младиќ оставија најмалку петмина…