Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте за неверојатни 21,9 проценти, а извозот е зголемен за 10,4 отсто – вели пратеничката Биљана Кузманоска.
Македонската економија бележи забрзан раст, а најновите податоци покажуваат дека реалниот економски раст во вториот квартал од 2026 година достигнал 4,3 проценти.
Ова го истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Биљана Кузманоска, која посочи дека актуелниот раст не е резултат само на еден успешен квартал, туку на поширока економска динамика.
Како што наведува Кузманоска, во првиот квартал од 2024 година растот изнесувал само 1,6 проценти, додека две години подоцна економијата бележи раст од 4,3 проценти.
– Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот. А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа – истакна Кузманоска.
Според податоците што ги презентира пратеничката, инвестициите во вториот квартал реално пораснале за 16,5 проценти, додека извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти.
Особено значаен раст бележи градежниот сектор – дури 21,9 проценти.
Раст е забележан и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор.
Кузманоска посочува дека ваквите показатели значат зголемена економска активност, поголем простор за инвестиции, но и можност за отворање нови работни места.
Дополнително, според неа, позитивен сигнал е што инфлацијата се намалува и моментално изнесува 2,3 проценти.
– Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните – порача Кузманоска.
Таа најави дека ќе продолжи поддршката за инвестициите и приватниот сектор, реализацијата на капиталните проекти и создавањето стабилно и предвидливо економско окружување.
Од економија која на почетокот на 2024 година растела со 1,6 проценти, денес, како што истакнува Кузманоска, Македонија има економски раст од 4,3 проценти.
„Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи“, порача пратеничката, додавајќи дека крајната цел е економскиот раст да се претвори во подобар животен стандард за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…
Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…
Почетокот на новата учебна година повторно отвори…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…