Полицијата приведе 16 возачи: 14 возеле без возачка дозвола
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, С.М.(38) и С.В.(23) двајцата од Кочани, Ј.К.(20) од Штип, 17 годишен малолетник с.Долно Количани, скопско, Ф. В.(27) од с.Студеничани, скопско, Е.Б.(36), И.С. (34), В.В. (18) сите од Скопје, Д.П.(20) и Б.Ј.(68) двајцата од Велес, Б.С.(33) од Куманово како и 16-годишен малолетник од с.Новаке, тетовско поради „безобѕирно управување возило“, односно затоа што управувале возило без возачка дозвола.
Исто така лишени се од слобода и В.Ј.(29) од с.Новаци, затоа што управувал возило под активна забрана за управување со моторно возило и С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше бидејќи возел под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата приведе 16 возачи: 14 возеле без…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Жена од Гостивар пријавила дека вонбрачниот сопруг…
Случај на семејно насилство е пријавен во…
Пронајден починат маж во автомобил на паркингот…
Вчера во 19:46 часот во СВР Куманово,…
СВР Тетово: Пронајдена и одземена марихуана –…
На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до…
Уапсен Романец на „Табановце“ – возел со…
Вчера во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце,…