Драма во Пехчево: Маж седел со друга жена, неговата сопруга сакала да ја тепа, па тој ја натепал сопругата
На 04.09.2026 во 10:59 часот во ОВР Берово, од Итна медицинска помош Пехчево е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош дошла 37-годишна жена од Пехчево. Според пријавеното на 03.09.2026 околу 23:45 часот во куќа сопственост на 68 годишна жена, агресивно се однесувала, оштетила дел од покуќнината и физички ја нападнала сопственичката, а потоа нејзиниот сопруг, физички неа ја нападнал. Подоцна и 68-годишната жена пријави дека во нејзиниот дом, била физички нападната од 37-годишната жена од Пехчево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 04.09.2026 во 18:40 часот во ОВР Пехчево, 68-годишна жена од Пехчево пријави дека на 03/04.09.2026 во временски период од 00:23 до 01:00 часот во нејзиниот дом, додека седела со 43-годишен маж од Пехчево и разговарале, дошла неговата сопруга, агресивно се однесувала и физички ја нападнала. Подоцна, 43-годишниот маж, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, за кое подоцна и 37-годишаната жена пријави дека била физички нападната од нејзиниот маж. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…