Залутано зрно од огнено оружје рани 71-годишник пред трговски центар во Сарај
Седумдесет и едногодишен жител на Кондово бил повреден од залутано зрно од огнено оружје додека се движел кон своето возило во близина на трговски центар во Општина Сарај, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен на 5 септември во 13:43 часот во СВР Скопје, откако од Градската општа болница „8 Септември“ било известено дека кај нив е донесен Х. Р. (71) со повреда од огнено оружје.
Според пријавеното, мажот се движел кон својот паркиран автомобил пред трговски центар кога бил погоден од залутано зрно.
На местото бил извршен увид, а за случајот бил известен јавен обвинител. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот и утврдување на околностите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…
Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…
Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…
ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…
Работната група за јазични и малцински права…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…
Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…
Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…