Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница
Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопски Дуќанџик. Според првичните информации, младиот маж бил застрелан и имал повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.
По пукањето, со екипа на Итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар, каде што, и покрај обидите да му биде укажана медицинска помош, починал.
Засега нема официјални информации за околностите под кои се случило убиството, ниту за сторителот и мотивите.
Се очекуваат детали од Министерството за внатрешни работи за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена вознемирувана во приватна здравствена установа, маж…
На 02.11.2026 во 20:40 часот во СВР…
Нуркачот Питала, кој истражи рекордна длабочина во…
Нуркачот Бартоломиеј Питала од Полска, кој ја…
Наставничка натепала ученик во училиште во Тетово
Наставничка нападнала ученик во основно училиште во…
Хакери ја поставиле температурата на ладилниците на…
Едно утро, во месарница во Кифисија, северно…
УГД има нулта толеранција за каков било…
Во врска со денешните полициски дејствија и…