Куманово доби пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината, Николоски најави и нови електрични автобуси

t

Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена, како донација од Владата за поддршка на општината. Возилата денеска му беа предадени на градоначалникот Максим Димитриевски од страна на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Станува збор за дел од поголема набавка на комунални возила што Министерството за транспорт ја реализирало во соработка со Светска банка, а кои им се доделуваат на општините.

„Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но по Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територијата на државата“, изјави Николоски.

Куманово добива две мултифункционални возила за одржување на хигиената, едно возило-прскалка и две возила за метење на улиците. Мултифункционалните возила ќе се користат за собирање отпад, додека возилото-прскалка ќе овозможи миење на улиците, а може да се користи и за транспорт на техничка вода во кризени ситуации или при прекин во водоснабдувањето.

Двете возила за метење, пак, ќе се користат за одржување на чистотата на улиците, тротоарите, плоштадите и другите отворени површини.

Николоски посочи дека поддршката за Општина Куманово ќе продолжи и во следниот период. Тој информираше дека преку двата повици за поддршка на општините биле обезбедени околу 242 милиони денари во првиот и околу 328 милиони денари во вториот повик.

Дополнително, преку буџетот на Министерството за транспорт се инвестираат околу еден милион евра во изградба на мост, капела и локални улици, во рамки на проектот со Светска банка.

Николоски најави и дека во Куманово во следниот период ќе пристигнат новите електрични автобуси.

„Се обидуваме да помогнеме секаде каде што можеме“, истакна министерот за транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куманово доби пет специјализирани возила за одржување…

Куманово добива пет специјализирани возила за одржување…

Најмалку 11 загинати во лавина на планина…

Најмалку 11 лица загинаа, а шест се…

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за…

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе се…

Путин повлекува нова црвена линија: Москва ги…

Русија, според извори блиски до Кремљ, кои…

Голем договор меѓу Русија и Кина: Потпишани…

Русија и Кина ќе продолжат да ја…