Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ВТА-турнирот во Анталија
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во квалификациите на УС опен денеска го имаше првиот меч на ВТА 125 турнирот во Анталија, што се игра за награден фонд од 115.000 американски долари.
Таа во првото коло ја елиминираше седмата носителка Миа Ристиќ од Србија. Ѓорческа триумфираше со 2-0 во сетови (6-1, 6-3) за 86 минути игра.
Во следното коло противничка ќе и биде Италијанката Аурора Ѕантедески, која со 2-0 (62 62) во сетови Софија Лансере.