Костадин Костадинов доби син: Добредојде на свет, наш Никола!

t

Поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, доби син. Радоста ја сподели на социјалните мрежи каде напиша:

– Добредојде на свет, наш Никола!

Бог сакал да бидеш роден на овој прекрасен ден и засекогаш да си го славиш роденденот заедно со твојата Македонија.

​Да си ни жив, здрав, среќен и од Бога благословен, сине!

​Честит 8 Септември, Ден на независноста, Честит празник Македонијо!

​Огромна благодарност до целиот тим на поликлиника Мартини, предводен од д-р Никола Маџунков, за нивната професионалност, грижа и посветеност во овие за мене и Снежана најважни моменти, напиша Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ