Над 1.120 цивили загинаa во напади со дронови во Судан за шест месеци
Најмалку 1.120 цивили загинаа во напади со дронови во Судан во првите шест месеци од 2026 година, што е 80 проценти од сите цивилни смртни случаи документирани од канцеларијата за човекови права на ОН во тој период, изјави денеска висок претставник на ОН.
Обраќајќи се пред Советот за човекови права на ОН во Женева, заменик-високата комесарка за човекови права Ава Дабо изјави дека регионот Кордофан останува „сегашен епицентар“ на конфликтот во Судан, при што мнозинството цивилни смртни случаи документирани од канцеларијата оваа година се забележани токму таму.
Иако нападите со дронови во Ел Обеид, Северно Кордофан, нагло се намалија во јули, цивилите и понатаму се соочуваат со „страшни услови и сериозни ризици“, рече таа.
Повторените напади врз бензински пумпи и инфраструктура за вода и електрична енергија ги оставија семејствата да се борат да дојдат до безбедна вода, храна и медицинска нега додека цените растат, додаде Дабо.
Таа исто така алармираше за нападите врз хуманитарниот персонал и имотот, вклучувајќи го и притворањето на хуманитарните работници, грабежот на магацин во Кауда и воздушниот напад надвор од Дилинг во кој беа уништени камиони на Светската програма за храна (WFP) кои превезуваа помош.
– Оваа ужасна војна е потхранувана од интереси, како во внатрешноста, така и надвор од земјата – рече Дабо.
Таа ја повика меѓународната заедница да ги прекине трансферите на оружје до страните каде што вооружувањето се користи со „очигледно занемарување“ на обврските за заштита на цивилите. Таа побара и одговорност и континуирани напори кон траен прекин на огнот и инклузивно цивилно владеење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 1.120 цивили загинаa во напади со…
Најмалку 1.120 цивили загинаа во напади со…
Најмалку 1000 луѓе загинаа во лизгање на…
Најмалку 1.000 луѓе загинаа во лизгање на…
Судан ја призна независноста на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи соопшти дека Судан…
Судан: Војската ја презема контролата над клучната…
Суданската војска тврди дека презела целосна контрола…
Завојуваните страни во Судан ќе преговараат во…
Владите на САД и Саудиска Арабија потврдија…