Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ уште активни
Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се 6 пожари
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Крушево: с. Норово (нискостеблеста дабова шума);
Општина Ново Село: с. Барбарево;
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума).
Пожари под контрола се 4:
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија).
Изгаснати пожари – 16:
Општина Прилеп: кај Новите гробишта (ниска вегетација);
Општина Долнени: с. Долгаец (ниска вегетација);
Општина Кривогаштани: с. Локвени (ниска вегетација);
Општина Крушево: с. Алданци (ниска вегетација);
Општина Ново Село: с. Ситник (паднати стебла и трупци);
Општина Валандово: м.в. Честово (ниска вегетација и прнар);
Општина Крушево: кај Градските гробишта (ниска вегетација);
Општина Кичево: с. Кнежино, м.в. Црн Камен (нискостеблеста шума);
Општина Росоман: с. Сирково (ниска вегетација);
Општина Тетово: с. Гајре (ниска вегетација и ниска шума);
Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Желино: с. Палатица (ѓубре);
Општина Гостивар: с. Падалиште (ниска вегетација);
Општина Ѓорче Петров: ул. „56“ (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Шишево (ниска вегетација);
Општина Карпош: с. Бардовци (отпаден материјал).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…
Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Девет активни пожари на отворено во Македонија
До 13 часот денеска во државава се…
ЦУК: 17 пожари на отворен простор, од…
Во текот на денешниот ден до 18…