Сириско училиште ги раздели момчињата и девојчињата — тврди дека флертувале наместо да учат
Сириско училиште одлучи да ги раздели момчињата и девојчињата, бидејќи, како што тврди, флертувале и тоа влијаело врз нивните резултати. Станува збор за елитна гимназија во главниот град Дамаск, во која учел и поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, пренесува „Ју-еј њуз“.
„Оваа одлука е во интерес на самите ученици“, соопшти раководството на Институтот „Ал Хурија“.
Според надлежните, за разделбата биле подготвени училниците, дури и во дворот биле издвоени зони за девојчињата, посебни од оние за момчињата.
Како што посочува раководството, разговорите меѓу учениците од двата пола и флертувањето меѓу нив довеле до ниски резултати. Покрај тоа, тврдат дека имало и случаи на вознемирување на девојчињата од момчињата, како и случаи на расправии кои преминале во сериозно насилство, а мотивите биле љубомора.
Гимназијата била отворена во 1925 година за време на францускиот мандат во Сирија. Во тоа време таа била француско-арапски лицеј во кој се образувала елитата на Сирија.
Во средината на 1960-тите години училиштето било национализирано од владејачката партија БААС и било преименувано во „Ал Хурија“, што значи слобода. Во еден момент тоа краткотрајно го носело и името на Басел ал Асад, постариот брат на Башар ал Асад, кој загина во автомобилска несреќа во 1994 година.
Одлуката за разделување на учениците предизвика дебати на социјалните мрежи и загриженост дали во земјата расте влијанието на конзервативните религиозни струи.
Во април минатата година, раководството на болницата „Ал Мусават“ во Дамаск одлучи да ги раздели мажите од жените во автобусите што го превезуваат персоналот. Но, дојде до протести и наредбата беше укината.
Во соопштението објавено минатиот месец, четири организации кои ги претставуваат цивилното општество и правата на жените ги критикуваа најновите одлуки на новите сириски власти, сметајќи дека тие ги ограничуваат индивидуалните и јавните слободи и наметнуваат форма на социјално старателство, при што овие мерки особено ги засегнале жените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сириско училиште ги раздели момчињата и девојчињата…
Сириско училиште одлучи да ги раздели момчињата…
Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…
Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Родителите од Долни Балван на протест против…
„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…