34 пожари во едно деноноќие – активни се три, под контрола седум

t

На ден 08/09.09.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 7 се под контрола, а 24 пожари се изгаснати.

Активни пожари – 3:
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума).

Пожари под контрола – 7:
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар);
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација);
Општина Кичево: над с. Кнежино, м.в. Црн Камен (шумски пожар);
Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Ново Село: над с. Стиник (шума и ниска вегетација);
Општина Карпош: с. Бардовци (ѓубре);
Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар).

Изгаснати пожари – 24:
Општина Ѓорче Петров: ул. „56“ бр. 28 (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Шишево (ѓубре и ниска вегетација);
Општина Крушево: градски гробишта, с. Алданци и атар на с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста дабова шума);
Општина Долнени: атар на с. Долгаец (ниска вегетација);
Општина Прилеп: Нови гробишта во Прилеп, како и кај „Лукоил“ во Прилеп (ѓубре и ниска вегетација);
Општина Кривогаштани: атар на с. Локвени (ниска вегетација);
Општина Валандово: с. Честово (ниска вегетација и прнар);
Општина Росоман: с. Сирково (ниска вегетација);
Општина Крива Паланка: с. Осиче (ниска вегетација);
Општина Гостивар: с. Падалиште и с. Балиндол (ниска вегетација);
Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација и грмушки);
Општина Боговиње: с. Синичане (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Тетово: с. Гајре (ниска вегетација и ниска шума), како и во близина на Теќето (ниска вегетација);
Општина Желино: с. Палатица (ѓубре);
Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Гази Баба: с. Идризово (ѓубре);
Општина Студеничани: стар пат за Батинци (ѓубре);
Општина Јегуновце: с. Жилче (депонија);
Општина Куманово: с. Лопате (ниска вегетација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

34 пожари во едно деноноќие – активни…

На ден 08/09.09.2026 година, до 07:30 часот,…

Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа…

Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе…

Канада го забрзува економското оддалечување од САД,…

Канада ќе ги забрза напорите за намалување…

Сириско училиште ги раздели момчињата и девојчињата…

Сириско училиште одлучи да ги раздели момчињата…