Денеска топло, а попладне следуваат дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата, на поединечни места атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и може да прераснат во невреме со силен ветер, обилни врнежи, електрични празнења и појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, во делови од котлината, се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 14 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Денеска и во четврток претпладне ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека попладне на повеќе места ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во атмосферата, локално се очекуваат поинтензивни временски појави во форма на невреме со силен ветер, обилни врнежи и град.
До крајот на неделата ќе остане променливо време, со сончеви периоди, но и услови за локални попладневни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските медиуми со различни резултати од излезните…
Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…
Очигледно вечерва во СДС на смена е…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Песков: Путин и Трамп не разговарале за…
Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…
Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…