ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економијата да каже за долговите кои ги остави, а ќе се враќаат до 2030 година

t

Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт. ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП. Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи, соопштија од владејачката партија.

„Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година. Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба  да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари? Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи. Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека економските политики на Владата се добри, а за тоа според нив говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

„И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти. Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економијата да…

Кога СДС зборува за јавниот долг, прво…

СДСМ: Мицкоски на прославата за независност повторно…

На прославата за 35 години независна Македонија,…

Нетанјаху демантира дека ОАЕ го предупредиле пред…

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин…

Цената на нафтата се доближи до 100…

Цените на суровата нафта Брент утрово се…

(Видео) Погодени ирански танкери, еден потона: Иран…

Американската војска погоди пет ирански танкери, потонувајќи…