Возел со забрана, удрил во рабник и излетал од патот
Кичевец бил лишен од слобода откако во раните утрински часови предизвикал сообраќајна незгода, а полициските службеници утврдиле дека возел и покрај активната забрана за управување со возило. Тој одбил и да му биде извршен алкотест.
На 9 септември 2026 година, околу 03:10 часот, на магистралниот пат Охрид–Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С. (32) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.
Според информациите од МВР, тој управувал автомобил „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, со кој на кружниот тек на улицата „Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник, по што излетал од патот.
При преземањето мерки по сообраќајната незгода било утврдено дека 32-годишникот управувал со возилото и покрај активната забрана за управување со моторно возило од категорија Б.
Дополнително, тој одбил да му биде извршен алкотест. По наредба на јавен обвинител, возилото било одземено.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…
Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…
Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…
ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…
Работната група за јазични и малцински права…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…
Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…
Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…