Почина професорот на Филозофскиот факултет Зоран Велковски
Почина проф. Зоран Велковски, редовен професор на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, соопшти Факултетот. Имаше 67 години.
– Филозофскиот факултет загуби голем професор и голем човек. Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Проф. д-р Зоран Велковски даде непроценлив придонес во развојот на Институтот за педагогија, како и за развојот на образованието на возрасните и андрагогијата во национални и меѓународни рамки. Неговата богата биографија се состои од многубројни трудови, дела, проекти и раководни позиции кои го трасираа образовниот пат на нашата држава од нејзиното конституирање – соопштија од Филозофскиот факултет.
Професорот Велковски е роден во 1959 година, а во 1986 година се вработил на Институтот за педагогија како помлад асистент. Во 1993 година магистрирал на тема „Причини и мотиви за образовната партиципација и образовната неангажираност на возрасните“, а во 1998 година докторирал на тема „Андрагошките аспекти на невработеноста во Република Македонија“, со што се стекнал со звањето доктор по педагошки науки. Низ годините напредував во звања додека не станал редовен професор на Институтот, со ко ракјоводел од 1999 до 2004 година. Од 2004 до 2008 година бил проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Велковски реализирал повеќе од 50 домашни и меѓународни проекти како раководител или член на проектен тим и учествувал на преку 60 домашни и меѓународни конгреси, конференции, работилници и симпозиуми. Членувал во многу комисии и работни групи при Министерството за образование и наука кои изработувале стратегиски, законски и оперативни документи. Во текот на својата работа бил консултант на голем број меѓународни организации кои директно или индиректно се бават со образовни прашања, како: Светска банка, Унеско, UNDP, ETF (Торино), EBRD, Unicef, Usaid, и др.