И денеска има прекини во британскиот воздушен сообраќај, за два дена откажани вкупно над 2.000 летови

t

И денеска продолжија прекините во британскиот воздушен сообраќај, еден ден по техничкиот дефект во контролата на летот, по што беа откажани повеќе од две илјади летови.

Според податоците од компанијата за анализа на воздушниот сообраќај „Сириум“, само вчера во земјата беа откажани 1.746 летови, пренесуваат француските медиуми.

До денеска на пладне беа откажани уште 327 летови, а повеќето од нив беа на лондонскиот аеродром Хитроу.

„Седевме во авионот малку повеќе од пет часа. Потоа околу 18:30 часот сите авиони на аеродромот ги истоварија патниците истовремено, што се претвори во огромна, хаотична сцена“, изјави 28-годишниот Мет Ернстер, кој се враќал во Бостон од медениот месец во Париз.

„Ескалаторите се расипаа. Сите беа заглавени во огромен ред од неколку илјади луѓе само за да стигнат до царинската контрола. А на царината чекаа уште еден или два часа“, додаде тој.

Бидејќи синоќа не можеше да се најде хотел околу аеродромот, овој патник одлучи да преноќи во чекалница на Хитроу.

Според телото за контрола на воздушниот сообраќај NATS, дефектот се случил вчера во раните попладневни часови, а околу 19:30 часот синоќа NATS потврди дека го „решил“ проблемот.

Стабилизирањето на сообраќајот на Хитроу, најголемиот аеродром во Европа според бројот на патници, „ќе потрае некое време“ поради кумулативните доцнења на летовите, објави NATS.

Главниот извршен директор на NATS, Мартин Ролф, ја отфрли можноста „за кибер напад“ и најави „многу темелна истрага“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И денеска има прекини во британскиот воздушен…

И денеска продолжија прекините во британскиот воздушен…

Јули 2026 бил најуспешниот месец за македонските…

Македонските аеродроми продолжуваат со силен раст на…

До крајот на годинава бројот на превезени…

Владата продолжува со политиката на субвенционирање и…

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Мицкоски: Годинава очекуваме двоцифрен раст на патници…

Означен е почетокот на реконструкцијата на аеродромот…