МОН го повлекува предметот Сексуално образование од средните училишта
Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.
– Ние ги повлековме во овој момент програмата и предметот и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста, да видиме дали навистина во програмата има нешто за што би можело да има забелешки. Инаку, во програмата има теми: семејство, има заштита од сексуално преносливи болести, има заштита од несакана бременост, има рамноправност на половите, има тема за недискриминација меѓу половите.
Но, повторувам, веќе го замолив Бирото за развој на образованието, оти јас не сум стручна, но и лично ќе се ангажирам, збор по збор да ја поминеме програмата, да видиме што е тоа што е проблем во неа – изјави Јаневска.
Како што рече, постојат научни докази дека сексуалното образование во средното образование е корисно во периодот кога децата на таа возраст се соочуваат со темите обработени во овој предмет. Посочи дека предметот бил изборен и можело да го слушаат само средношколците што сакаат, од прва до четврта година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН го повлекува предметот Сексуално образование од…
Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…
Просечна оценка од државната матура е 3,66,…
Просечната оценка од полагањето на матурата во…
Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци…
Институт за бизнис економија во Скопје, Институт…
Јаневска најави можно затворање на универзитети во…
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…