Објавено на:

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети „Антем“ во Германија

t

Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори производствен погон за крстосувачки ракети со долг дострел во германската покраина Саксонија, соопшти денеска компанијата, пренесе ДПА.

„Во првата година од ќе произведуваме околу 1.000 ракети, а потоа ќе го зголемиме производството на 5.000“, изјави првиот човек на „Ковенант“, Абигејл Денбург, зборувајќи за планираната цел за годишно производство на компанијата.

Производството на крстосувачката ракета „Антем“ за европски клиенти треба да започне следната година во постројката што ќе биде поставена во близина на Лајпциг.

Договорот доаѓа во време кога Германија и другите европски држави се во процес на масовно зголемување на нивната одбранбена индустрија како одговор на растечката закана од Русија, потсетува ДПА.

Ракетите „Антем“ можат да носат боева глава од 200 килограми и се дизајнирани за прецизни напади длабоко во непријателска територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…