Авионот на Зеленски за малку ќе бил погоден од дрон!
Авионот на Зеленски за малку ќе бил погоден од дрон при полетување од Молдавија, тврди норвешкиот премиер.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стрере за јавниот сервис НРК изјави дека авионот со украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „за малку погоден“ од дрон при полетувањето од Молдавија во вторникот, 8 септември. Зеленски патувал кон Осло.
Приближно во исто време, два руски дрона навлегле во воздушниот простор на Молдавија, поради што аеродромот во Кишињев привремено ги прекинал пристигнувањата и полетувањата. Еден од дроновите паднал во Молдавија и предизвикал пожар, додека другиот продолжил кон воздушниот простор на Романија.
„Киев Индипендент“, повикувајќи се на извор, објави дека дронот за кој се претпоставува дека бил вклучен во инцидентот е руски дрон од типот „Шахед“ и дека неговото навлегување во воздушниот простор се совпаднало со полетувањето на Зеленски. Сепак, овој дел сè уште не е независно потврден од молдавските власти, а Стрере не откри колку блиску дронот дошол до авионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион полн со патници нагло се спуштил…
Пет лица се повредени откако патнички авион…
Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…
Патнички авион на лет од САД кон…
(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…
На социјалните мрежи се појави нова снимка…
Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…
(Видео) Авион се излизга од пистата во…
Авион со 132 патници на аеродромот во…