Објавено на:

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа

t

Три лица во Холандија починале во последните неколку недели од инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина (RIVM), во период кога расте бројот на случаи во Европа.

RIVM минатиот месец ја потврди првата смрт од вирусот Западен Нил, една недела откако беше регистриран првиот случај на инфекција во Холандија од 2020 година. Институтот сега соопшти дека бројот на заразени се зголемил на 18, а уште две лица починале во холандска болница. 

Тешка форма на болеста кај околу еден од 150 заразени

Вирусот Западен Нил најчесто се пренесува кај луѓето преку убод од комарец. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), вирусот може да предизвика тешка форма на болеста кај приближно едно од 150 заразени лица.

СЗО наведува дека повисоките температури им овозможуваат на комарците подолг период и поголем простор за ширење на вирусот Западен Нил низ Европа, која годинава бележи рекорден број топлотни бранови.

Бројот на случаи на вирусот Западен Нил се зголемува и во Грција и Италија, пренесува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери се обиделе да ги уништат резервите…

Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…

Европската комисија ги препознава конкретните резултати од…

Извештајот на Европската комисија за 2026 година…

Откриен идентитетот: Билјана Кириќ (17) е девојката…

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше…

„Дејли мејл“: Трамп бесен по изборниот пораз,…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја следел изборната…