Објавено на:

Руте: НАТО ќе остане обединет и силен без оглед на резултатот од претседателските избори во Франција

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе остане обединета и силна без оглед на резултатот од претседателските избори во Франција, кои се закажани за пролетта идната година, пренесе парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница.

– Изборите во Франција ќе се одржат во мај и, каков и да биде нивниот исход, НАТО ќе биде тука, ќе остане обединет и ќе остане силен – рече Руте за време на дебатата во Берлин со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Руте изрази уверување дека кој и да биде избран на тие избори, ќе остане на зацртаниот курс за клучните прашања. Тој ги издвои вложувањето во одбраната, овозможувањето Украина да не ја загуби војната и нејзиното зајакнување пред какви било евентуални мировни преговори.

Загриженоста кај сојузниците во НАТО произлегува од можноста крајната десница да победи на изборите во Франција. Многумина стравуваат дека под ново раководство Париз би ѝ пружал помала поддршка на Украина и би заземал попомирлив став кон Кремљ.

Инаку, претседателските избори во Франција традиционално се одржуваат во два круга, кои се закажани за 18 април и 2 мај 2027 година. Актуелниот претседател, центристот Емануел Макрон, повеќе нема право да се кандидира по двата последователни петгодишни мандати, а неговиот втор мандат официјално завршува на 13 мај 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: НАТО ќе остане обединет и силен…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Берлин не сака АфД да добие пристап…

Германското Министерство за одбрана ја разгледува можноста…

47-годишен маж натепал 12-годишно дете во Гостивар

Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против…

Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности на…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска се…

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…