Објавено на:

Осло ги забрани паметните очила во училиштата: „Не сакаме децата да бидат статисти на Мета“

t

Властите во Осло воведоа забрана за употреба на паметни очила со вештачка интелигенција во училиштата, со образложение дека учениците и вработените треба да бидат сигурни дека нема да бидат снимани без нивно знаење. Забраната се однесува на целиот училишен ден и на сите нивоа на образование.

Заменицата на градоначалникот на Осло задолжена за образованието, Џули Ремен Мидтгарден, оцени дека станува збор за прашање на приватност и заштита на личните податоци. Таа порача дека градските власти не сакаат децата да станат „статисти во собирањето податоци на Мета“.

Мидтгарден ја критикуваше и норвешката влада поради тоа што, според неа, премногу бавно реагира на појавата на оваа технологија. Норвешкото министерство за дигитализација претходно најави построго регулирање на паметните очила и формирање стручна група која треба да предложи начини за заштита на приватноста.

„Овие очила денес се продаваат во Норвешка и денес се користат во училишните дворови. Проблемот е присутен сега“, порача Мидтгарден, додавајќи дека анализирањето на проблемот не е исто што и преземањето мерки.

Забраната во училиштата во Осло стапила во сила на 27 август, но информацијата за неа била објавена подоцна. Во меѓувреме, норвешката министерка за образование Кари Неса Нортун ги повика училиштата и општините да забранат паметни очила со вештачка интелигенција преку училишните правила.

Паметните очила можат да фотографираат и снимаат видео, да овозможат телефонски разговори и репродукција на музика, да преведуваат текстови и да прикажуваат информации во видното поле. Некои модели имаат и вграден асистент со вештачка интелигенција, а токму можноста за незабележливо снимање предизвикува најголеми реакции во јавноста.

Норвешката влада, пак, веќе најави дека разгледува и построги ограничувања за функции како препознавање лица, особено во јавни простори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот троши резерви со рекордна брзина: IEA…

Глобалната нафтена криза влегува во нова и…

Хилари Клинтон: Ужасно е да се каже,…

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон го…

Хутите го презедоа стратешкиот остров Мајун и…

Јеменските бунтовници денеска го презедоа контролираниот остров…

Нов напад во Ормускиот Теснец: Ракетирани два…

Два трговски брода биле мета на нов…

Пронајдено и казнето лицето кое фрлаше вреќи…

Општина Дебар информира дека лицето кое фрлаше…