За 24 часа горело на 21 место: Пет пожари се активни, исто толку под контрола
На ден 10.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 5 се активни, 5 се под контрола, а 11 се изгаснати.
Активни пожари – 5:
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (високостеблеста шума).
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец (нискостеблеста и мешана шума).
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума).
Општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација).
Општина Ново Село: с. Борисово кон с. Колешино (ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Пожари под контрола – 5:
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар).
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација).
Општина Кичево: с. Кнежино, место викано Црн Камен (ниска вегетација и пенушки).
Општина Делчево: градска депонија (ѓубре).
Општина Крива Паланка: с. Осиче (ниска вегетација).
Изгаснати пожари – 11:
Општина Струга: с. Враништа (дива депонија).
Општина Струга: с. Радолишта (депонија).
Општина Куманово: нас. Перо Чичо (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Карпош: Железни Мост (ниска вегетација).
Општина Карпош: бул. „Илинден“, кај „Водовод“ (ниска вегетација).
Општина Кривогаштани: с. Крушеани (ниска вегетација).
Општина Струмица: с. Банско (депонија).
Општина Желино: с. Желино (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Јегуновце: с. Вратница (ниска вегетација).
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани (шума).
Општина Шуто Оризари: кај хотелот „Њу Стар“ (ѓубре и ниска вегетација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 24 часа горело на 21 место:…
На ден 10.09.2026 година, до 18:00 часот,…
Речиси сите обвинети за „Пулс“ наскоро на…
Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката…
Хашките обвинители бараат шест години затвор за…
Обвинителите во Хаг денес побараа поранешниот лидер…
Апсење во Царина: Заменик-директор падна со бележани…
Џ.И. вработен во Царинската управа како заменик-директор…
Ковачки: Признание за придонесот кон одбраната, продолжуваме…
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска…
