Заменик-директорот Имери ги барал парите за поткуп, фатен е со 17.500 евра, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра, велат од Обвинителството за уапсениот заменик-директор во Царината, Џевер Имери.
Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.
Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заменик-директорот Имери ги барал парите за поткуп,…
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО…
Новата карта на светот на ОН ги…
Јапонија побара итна измена на новата карта…
Институт „Ифо“: Германската влада пренаменила 11 милијарди…
Германската влада во 2025 година пренаменила повеќе…
Уапсен заменик-директорот во Царина, Имери: Зел мито…
Џевер Имери, вработен во Царинската управа како…
За 24 часа горело на 21 место:…
На ден 10.09.2026 година, до 18:00 часот,…
